Регион

Општина Струмица и годинава се вклучи во сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“-Струмица 2016

Безбедноста на децата и младите во сообраќајот претставува приоритет на сите општествени чинители, а постојаната сообраќајна едукација ќе доведе до намалување на бројот на загинати и повредени деца во сообраќајните несреќи. Вака истакна првиот човек на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов кој денес присуствуваше на традиционалната сообраќајна-воспитна манифестација „Детски семафор“ , која се одржа во ООУ „Видое Подгорец“ во Струмица.

Според правилата на натпреварот, учесниците во првиот дел се проверуваат теоретски, преку тест на знаење со решавање на прашања за ситуации на раскрсници и познавањето на сообраќајните знаци, а во вториот дел го изведуваат вештото возење со велосипед на посебен полигон поделени во мала и голема група. Малата група ја сочинуваат ученици кои се на возраст од 10-12 години, а големата група ја сочинуваат ученици поголеми од 12 години.

На натпреварот учествуваа 62 ученика од 11 училишта од општина Струмица, Ново Село и Василево. Учениците кои постигнале најдобри резултати ќе учествуваат на региналниот натпревар, кој треба да се одржи на 7 мај во Струмица.

Препорачуваме:

Браќа се расправале во Струмица, па едниот го нападнал другиот со тврд предмет

Ѓ. K.

Потврдена болеста африканска чума кај диви свињи во ловиштето Ново Село

19 годишно момче од Турново утрово почина во сообраќајна несреќа на излез од Дабиле.

Стојне Митева