Регион

Заев соопшти дека водел судски процеси против новинари и политичари , а добиените пари ќе ги донира за деца на кои им е потребно лекување

Лидерот на СДСМ и градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев денеска соопшти дека водел судски процеси  против новинари и политичари за навреда и клевета, од кои три добил со правосилна пресуда.

-Првата е 200.000 денари, втората 150.000 денари, а третата е 300.000 денари. Конечна и извршна е првата пресуда, рече Заев.

Тој истакна дека после плаќањето на персоналниот данок од 10% за државата, 60.000 денари ќе донира за децата од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Струмица, а по 30.000 денари на четири дечиња од општина Струмица и Василево на кои им е потребно лекување.

Препорачуваме:

Годинава во струмичко откупени 1. 800 000 килограми тутун

60 артилериски гранати од 82 милиметра до 2 часот пронајдени во атарот на гевгелиското село Богородица

Василево ќе соработува со три општини на ЕУ за користење средства од ЕУ фондовите