Регион

Општина Радовиш започна со обнова на спортската инфраструктура

Благодарение на одличната соработка на општина Радовиш со компанијата „ДЕТОНИТ“ ДООЕЛ, а секако и со фирмата „ТРАЈАЛ“ од Крушевац, започна обновата на градскиот стадион во Радовиш и поставување на ново фудбалско игралиште со вештачка трева.

Со директна финансиска помош од овие две компании, а во соработка и со Рудникот „Бучим“, Јавното претпријатие „Плаваја“ и ЈПССО „Радовиш 2014“, во наредните месеци интензивно ќе се работи на ова игралиште, притоа не попречувајќи го нормалното одвивање на самите тренинзи и натпреварувања.

Паралелно се работи и на подобрување на условите на двојните тениски терени.

Обновата на спортската инфраструктура е важен приоритет, пред сѐ за младите генерации и за раѓање на нови спортски таленти кои ќе ја претставуваат општина Радовиш на национален и меѓународен план.

Во наредниот период општината очекува поддршка и од Фудбалската федерација на Македонија и од Агенцијата за млади и спорт за подобрување на спортската инфраструктура со цел да се докаже важноста на спортувањето и квалитетен живот на младите.

Препорачуваме:

Преку Мој ДДВ за четири години кај граѓаните се вратени 107,5 милиони евра

Ivana Vangelova

Повреден возач на патот Свидовица- Куклиш

Ване Трајков

„Здрава котлина“ ги предаде потписите за иницијативата