• Tue. May 14th, 2024

Преку Мој ДДВ за четири години кај граѓаните се вратени 107,5 милиони евра

ByIvana Vangelova

Jul 1, 2023

По повод  4 години МојДДВ, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска заедно со Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Клубот на пратеници оддржаа брифинг за новинари.

Директорката Лукаревска рече дека:

„За овие 4 години кај граѓаните вративме  6,6 милијарди денари или 107, 5 милиони евра.  Исплатата за скенираните фискални сметки во  второто тримесечје односно во месеците април, мај и јуни ќе се реализира во август каде се очекува да се исплатат 696 милиони денари, или 11,2 милиони евра. Тоа се сериозни средства вратени на сметките на граѓаните кои скенираат фискални сметки и на тој начин директно ги подобруваат семејните буџети.“- рече Лукаревска