Регион

Општина Гевгелија одвои од својот буџет 600 илјади денари за транспорт на телото на починатиот доктор и алпинист Георги Петков

На својата 13-та вонредна седница, Советот на општина Гевгелија донесе едногласна одлука за издвојување на 600.000 денари од буџетот на општината, за што побрз транспорт на телото на починатиот доктор и алпинист Георги Петков. Роднините на Петков отворија донаторска сметка, која е наменета за собирање на финансиски средства кои недостасуваат за да се покрие целосно потребната сума потребна за да се транспортира телото на доктор Георги Петков од Непал до Гевгелија.

Бидејќи собирањето на средства преку донаторската сметка може да потрае подолго време, а сумата во износ од 600.000 денари е ургентно потребна, Советот реши да се издвои оваа сума од општинскиот буџет.

Доколку средствата кои ќе бидат собрани преку донаторската сметка ја достигнат сумата од 600.000 денари, тие средства, беше истакнато на седницата, ќе бидат вратени во буџетот на општина Гевгелија, а доколку сумата на собрани средства биде помала од овој износ, разликата ќе се смета како донација на општина Гевгелија. Доктор, инфектолог Георги Петков, член на планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија, на 20 мај 2018 година, почина од срцев удар во обидот да се искачи на највисокиот врв во светот Монт Еверест од јужната страна. Поттикнат од желбата да стане првиот Гевгеличанец, а шести Македонец кој успеал да се искачи на „покривот„ на светот.

Препорачуваме:

Вакцинацијата во Струмица се одвива непречено

Петок е неработен ден

Сузана Мицева

Започна програмата од големиот јубилеј „50-ти КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ“

Ѓ. K.