Регион

Делегација од општина Радовиш во работна посета на општина Тетевен, Бугарија

Во периодот од 23 до 25 Мај, делегација од општина Радовиш предводена од Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов беше во работна посета на општина Тетевен во Република Бугарија.

Покрај генералната видео презентација на општината, поединечно од секој раководител беше презентирана областа која ја раководи и во која насока би можела да започне соработката помеѓу двете општини во склоп на нивните ресори. Исто така, свој поздравен говор имаше Градоначалникот Герасим Конзулов а од страна на делегацијата од општина Радовиш беше презентирана општината во делот на општи податоци, локалната инфраструктура и економскиот развој, културата, спортот, образованието и слично.

Преку дополнителни прашања и одговори беа разменети искуства во делот на функционирањето на локалната администрација.

На крајот беше донесен заклучок за заедничко изготвување на предлог-верзија на договор за пријателство и соработка помеѓу двете општини.

Во склоп на посетата, делегацијата присуствуваше на бројните манифестации кои беа организирани од страна на домаќините во тој период како дел од календарот за културни и спортски настани. Беа организирани: јубилеен концерт на ансамблот ЕВА, ликовни изложби, детски турнир во фудбал, дефиле и одбележување на денот на просветата, концерт на Националниот фолклорен ансамбл Пирин, чествување на 142 годишнина од Априлското востание пропратено со спектакуларен огномет и друго.

Беше остварена и контакт средба со Министерот за одбрана на Република Бугарија Г-дин Красимир Каракачанов, кој беше гостин на самата манифестација.

На 25 Мај делегацијата беше испратена од страна на Градоначалникот Бојаџиева, посакувајќи повторно видување во блиско време и започнување на конкретна соработка помеѓу двете општини.

Препорачуваме:

Шумските плодови од Беласица да се искористат за развој на локалната економија, порачаа од Натура Нова

Ване Трајков

Приведени 21-годишни струмичани, одземена им е марихуана

Ѓ. K.

Македонците во редици за вакцинација во Врање

Стојне Митева