• Sun. May 12th, 2024

Започна програмата од големиот јубилеј „50-ти КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ“

ByЃ. K.

Oct 10, 2023

Со свечена програма и полагање венци на спомен обележјето на нашиот великан Ацо Караманов, започна одбележувањето на јубилејните 50-ти по ред „Караманови поетски средби“.Во организација на Центарот за култура „Ацо Караманов“ а во соработка со ООУ „Никола Карев“ и општина Берово, на 09.10.2023 год. Понеделник, беше оддадена почит на нашиот великан, поет, револуционер и сограѓанин Ацо Караманов, кој својот живот прерано го даде за слободна и независна Македонија.

На спомен обележјето во близина на општина Берово, свежи венци положија делегации од: општина Радовиш предводена од Градоначалникот Ацо Ристов, општина Берово предводена од Градоначалникот Звонко Пекевски, Центарот за култура Ацо Караманов, Сојузот на борците од општина Радовиш, Демокраската партија на турците од Радовиш и Друштвото на ликовни уметници РАДА ДЛУР.

Со овој свечен чин и официјално започнува програмата од одбележувањето на овогодишниот јубилеј „50-ти КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ“ која ќе биде пропратена со голем број содржини посветени на ликот и делото на Ацо Караманов.

By Ѓ. K.