Регион

Градоначалникот Костадинов горд на успешните струмичани, Николчо Ѓоргиев гостин во неговиот кабинет

Николчо Ѓоргиев е струмичанец кој живее во Швајцарија. Тој беше меѓу 100-те врвни спортисти кои учествуваа во главната дуатлон трка на долги патеки (10 км. трчање + 150 км. возење велосипед + 30 км. трчање) и како единствен претставник од Балканот и член на ВК „Актив“ бранејќи ги боите на македонскиот дрес го освои 13-то место во генералниот пласман. Во чест на струмичката фудбалска легенда Благој Истатов, Николчо со својот велосипед извози 2.000 километри од Цирих до Дојран.

Денеска градоначалникот Костадин Костадинов лично му честиташе и му посака уште поголеми успеси на следните натпревари.

Препорачуваме:

Намален бројот на илегални преминувања и криумчарења со мигранти лани во однос на 2020

Центарот за граѓански комуникации објави анализа за транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки

Интервју: До каде е проектот ,,Струмица паметен вело град“ но и постапката за јавен градски превоз со еко автобуси

Ване Трајков