Регион

ООУ „Сандо Масев“ со посебна програма за 21 март

ООУ „Сандо Масев“ од Струмица денешниот наставен ден го помина во одбележување на 21 март, како Светски ден на водата, Ден на пролетта и Светски ден на лицата со Даунов синдром под мотото „Вода, сонце, љубов“.

-За Светскиот ден на водата организиравме работилница од најмалите со цртање се што ги асоцира на вода-кои ќе бидат изложени на паноа во холот на училиштето, информираат од школото.

-Денот на пролетта го одбележуваме со засадување цвеќе од ученици од 2-в одделение ставајќи акцент како треба да се обновува, негува и одржува природата пред влезот и во холот на училиштето, стои во писмената информација.

А, по повод Светскиот ден на лицата со Даун-учениците од 4 одделение заедно со ученици од ликовната секција под менторство на Љубомир Арнаудов сликаа елементи со кои покажаа дека сме сите дел од еден ,,мозаик”наречено општество и дека  како надвор така и внатре она што  може да не сплоти  тоа е љубовта која треба меѓусебно да си ја подаруваме и шириме за полесно сите да  егзистираме, објаснуваат од  „Сандо Масев“.

Препорачуваме:

Општина Гевгелија се пофали:Висок процент на остварување на основниот буџет

Стојне Митева

Се реновира градинката „Сончогледи“ во Гевгелија

Сузана Мицева

ВИДЕО: ЈЗУ „Здравствен дом“ – Струмица доби донација заштитни маски и скафандери