• Sun. May 19th, 2024

Бесплатен паркинг и градинка бараат родителите на децата со Даунов синдром

ByDimitar Micev

Mar 21, 2018

Бесплатен паркинг и градинка бараат родителите на децата со Даунов синдром. Тие денеска беа гости кај градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски каде разговараа за актуелните проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост. Усно побараа да им се овозможи бесплатен паркинг место и бесплатна градинка, со цел полесно да ги обавуваат секојдневните обврски.

Градоначалникот Јаневски ги сослуша проблемите со кои се соочуват лицата со Даунов синдром и нивните родители. Рече дека општината досега им излегувала во пресрет на сите лица со попреченост, па и во иднина ќе се трудат да им го олеснат секојдневието на овие граѓани.

Денеска е Светски ден на лицата со Даунов синдром. Во Македонија сеуште нема официјална статистика за лицата со оваа попреченост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *