• Sat. May 18th, 2024

Се реновира градинката „Сончогледи“ во Гевгелија

Во тек е реконструкцијата на старите ѕидови во ЈОУДГ „Сончогледи“ во Гевгелија. Во тек е замената на дотраениот ламперај кој беше оштетен од самата влага, со поставување гипс-картон.

            Ваквиот зафат е продолжение на акцијата за подобрување на условите во детските градинки која започна во втората половина на јуни кога беа реконструирани ѕидовите во Централната граднинка „Детска радост“ и „Цветови“, а комплетно беа бојадисани ѕидовите во сите 5 клона, во Гевгелија и населените места. Исто така, се работеше и на уредувањето на дворните површини и се обновија детските играчки.

            Од низата активности за доопремување, во текот на оваа и наредната недела треба да завршат комплетната замена на гардероберите на двата ката во Централната градинка „Детска радост“ и замена на мебелот и гардероберите во сите занимални во „Цветови“, во Гевгелија.

            Во тек е и санацијата на електричната инсталација и реновирање на магацинските простории во „Детска радост“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *