• Mon. May 27th, 2024

Утре крводарителска акција во општина Василево

Утре во просториите на општина Василево, оо Црвен крст Струмица заедно со Службата за Трансфузиона медицина организираат крводарителска акција за вработените и граѓаните од општина Василево.

Акцијата ќе се одржи во просториите на Општина Василево од 09:00-14:00ч .

„Крводарувањето не е поврзано со Ковид-19 и е сосема безбедно. Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно.
Ги замолуваме крводарителите кои ќе даруваат крв да ги почитуваат препораките за самозаштита на Министерството за Здравство“, порачуваат организаторите на крводарителската акција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *