Регион

ООУ Никола Вапцаров со активности во проектот за етничка вклученост во образовниот процес

Еднаков пристап до квалитетно образование за учениците од сите етнички заедници е целта на проектот „Поддршка на интеграцијата на етничките заедници во образовниот систем“ кој втора година по ред го имплементира ООУ Никола Вацаров од Струмица.Новогодишна драма која ја одиграа учлениците од 3 -то одделение под менторство на наставничката Јасмина Пупановска е дел од активностите на проектот.

Проектот се спроведува во училишта со мешани етнички средини. Финансиран е од Европската унија, а активностите се спроведуваат во соработка меѓу Агенцијата за европска интеграција и економски развој и Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците. Посебна компонента од овој проект е посветена на учениците од ромската етничка заедница – ќе бидат обучувани родителите за образовните потреби на нивните деца.

Препорачуваме:

Во првите шест месеци од годината зголемен бројот на пожари во Струмица

Поради снег забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци

Доделени 28 стипендии на талентирани ученици од основно и средно образование во Радовиш