• Sat. May 18th, 2024

Поради снег забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци

Поради обилни врнежи од снег, воведени се забрани за сообраќај на тешки моторни возила на повеќе патни правци во државата, информираа рано утрово од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Со забраната се опфатени патните правци: Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Кичево (преку планинскиот премин Стража), крак Маврово – Жировница, Кичево – Охрид (преку планинскиот премин Пресека), Битола – Ресен (преку планинскиот премин Ѓавато) и магистралниот пат А2 Струга – граничен премин Ќафасан.

За останатите типови на возила, на овие патни правци задолжителна е употреба на зимска опрема

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *