Регион

Доделени 28 стипендии на талентирани ученици од основно и средно образование во Радовиш

Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов свечено ги потпиша и ги додели договорите за стипендирање на талентирани ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2017/18 год.

Се доделија вкупно 28 стипендии на талентирани ученици од кои, 21 стипендија на талентирани ученици од VI до IX одделение во основните општински училишта во висина од 2,500 ден. како и 7 стипендии на талентирани ученици од I-IV година во средното општинско училиште во општина Радовиш во висина од 3,000 ден.

„Голема радост и задоволство е да се биде во присуство на најталентираните ученици во основното и средното образованиe во нашата општина. Во иднина ќе се зголеми бројот на стипендиите и ќе биде изменет Правилникот за стипендирање со цел да им се даде рамноправна шанса на учениците кои немаат бодови по социјален основ и уште повеќе да се стимулира натпреварот за подобар успех во училиштата“ истакна Градоначалникот Конзулов.

Препорачуваме:

Општина Струмица објави Јавен повик за времен ангажман на лични асистенти во основно образование

Ѓ. K.

Исплатлива цена на лебот е од 35 денари, индустријата е под голем удар

Стојне Митева

ВИДЕО: Покачен водостојот на река Струмица, кај Зубово има и излевања