Регион

Објавен повик за мерката за вработување „Гаранција за млади“

Министерството за труд и социјална политика заедно со Агенцијата за вработување и Националниот младински совет објавија повик за изразување интерес за учество во проектот „Гаранција за млади“.

Македонија ја имплементира оваа програма во пилот фаза која започнува во 2018 година. Гаранцијата за млади им гарантира на младите лица дека во период од четири месеци како тие ќе се пријават во Агенцијата за вработување кариерните советници ќе ги упатат во некоја од мерките што ги нуди „Гаранција за млади“.

Мерката е отворена за сите млади на возраст до 29 години кои се невработени и веќе го завршиле своето образование (средно училиште или факултет) од Струмица, Василево, Босилово и Ново село

Кариерните советници од Агенцијата за вработување, врз основа на искуството на младите лица кои ќе се пријават, заедно со нив ќе ја изберат онаа мерка која е најсоодветна за нив.

Препорачуваме:

30 годишен мотоциклист од Стојаково почина во сообраќајна несреќа на патот Богданци – Стојаково

Сузана Мицева

Азески на работна средба во Бучим и Боров Дол

Сузана Мицева

Промовирана „Љуби, верувај и надевај се“ од Светлана Мазгалоска Вучетиќ

Ване Трајков