• Fri. May 17th, 2024

Промовирана „Љуби, верувај и надевај се“ од Светлана Мазгалоска Вучетиќ

Светлана Мазгалоска Вучетиќ ја промовираше својата прва книга поезија ,,Љуби, верувај и надевај се”.Промотори на нејзината поезија беа Ѓоко Калајџиев и Даниела Пејева Митева во издание на ЛУБ,, Благој Јанков Мучето”.

Промоцијата е во организација на Дом за деца и млади ,,Благој Мучето”, а покровител е градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

„Марија Витанова и Македонка Стојкова ја исполнија салата со моите стихови , преполна со драги луѓе, семејството, преставници на институции, другарки од детството, колешки од факултет, соработници, пријатели и моите драги колеги . За мене настан преполн со емоции“, напиша Светлана Мазгалоска Вучетиќ на својот профил на Фејсбук објавувајќи фотографии од настанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *