• Fri. May 10th, 2024

В петок промоција на книгата за деца „Не паркирај, гаража“ на Трајче Кацаров

В петок, 17 мај, во 12 часот, во Малата сала на НУЦК ,,Антон Панов” ќе се одржи промоција на книгата за деца ,,Не паркирај, гаража” на македонскиот писател Трајче Кацаров. Книгата ја доби Наградата за најдобра книга за деца ,,Ванчо Николески” на Друштвото на писателите на Македонија за 2018 година. Промотор на изданието ќе биде Ацо Гогов.

Трајче Кацаров работи како драматург во Штипскиот театар. Дебитира со поезија, со книгата ,,Во подмишките на будилникот” во 1986 година. Автор е на повеќе книги поезија, проза (раскази и романи) и книги театарски есеи. Автор е на неколку книги за деца, како и на детски пиеси (,,Сулиндари”, ,,Ети ја спасува Тера” и др.). Преведуван е на повеќе јазици.

За неговото творештво пишувале многумина автори, како: Влада Урошевиќ, Милан Ѓурчинов, Гане Тодоровски, Александар Прокопиев, Миодраг Друговац, Ефтим Клетников, Милена Ристова-Михајловска и др.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *