Регион

На 5 ноември „Ден на празот“ во Градашорци

На 5 ноември, со почеток од 12 часот во с. Градашорци, во дворот на црквата Св. Никола ќе се одржи манифестацијата Ден на празот. Присутните ќе имаат можност да дегустираат специјалитети од праз и да уживаат во содржини од културно забавен карактер.

„Задоволство е заедно со Андријана Јаневска да ве поканиме на манифестацијата ,,Ден на празот” на ден 05.11.2023 (недела) 12 часот во Градашорци, заедно да уживаме во изведба на наши македонски песни и секако во специјалитетите од праз подготвени од рацете на нашите вредни домаќинки“, најави градоначалникот Славе Андонов.

Препорачуваме:

Презентирани можностите за добивање стипендии на Меѓународниот Балкански Универзитет во Дојран

Ване Трајков

Најризичен период за корона вирусот ќе биде јануари, вели Филипче

Стојне Митева

13 деца и млади шахисти од Струмица на Државно првенство во Струга

Сузана Мицева