• Fri. May 17th, 2024

Најризичен период за корона вирусот ќе биде јануари, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека најризичен период кој следува со коронавирусот е месец јануари.

Тој во вечерашната Топ Тема објаснува дека месец јануари е периодот кога ќе заврши циклусот од два месеци кога луѓето ќе бидат затворени, осносно ќе има интензивна комуникација во затворени простории.

Филипче објаснува и дека се планира ширење на стратегијата, во однос на тестирањето, со еден вид масовно тестирање, преку новите тестови кои ќе се набават. Тоа се брзи тестови за регистрирање на вирусот, не на антителата, кои би го детектирале вирусот за 15-тина минути. Истите ќе бидат распределени во сите болници, но и на граничните премини. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *