Забава Регион

13 деца и млади шахисти од Струмица на Државно првенство во Струга

Четврти ден струмичките шахисти си ги одмеруваат шаховските вештини и знаења на Државното првенство во шах, што се одржува во Струга. Од Струмица се присутни 13 деца кои се натпреваруваат во сите шест категории: 8, 10 , 12, 14 16 и 18 години. Како што информираат присутните родители, кои се придружба со своите деца, во категоријата женски натпреварувачи под 8 години досега нема ниту еден пораз.

Учествуваат вкупно 121 шахист и 32 шахистки. Според организаторите, ова е најголема бројка на пријавени учесници последниве три години, а според нив е резултат на иницијативата „Шах во училиштата“, потоа отворање на повеќе шаховски клубови и школи, но и организирањето на турнири во шак за учесници во сите категории.

Годинава во конкуренција на шахисти најмногу учесници има во категоријата до 14 години (29), а најмалку во категоријата до 18 години (13).

Кај девојчињата, пак, годинава во однос на лани има осум шахистки повеќе (во категоријата до осум години лани немало ниту една шахистка), во однос на пред две години седум повеќе. Годинава најмногу има во категоријата до 12 години (10), а најмалку до 18 години (две).

Препорачуваме:

Василево дава до 20 илјади денари субвенции за инвертер клима

Сузана Мицева

ООУ „Сандо Масев“ организираше новогодишна хуманитарна акција

Претрес во струмичко, пронајдена дрога

Ване Трајков