Регион

Научен собир на тема „Книжевната оставнина на Видое Подгорец – влог во издигнувањето на современата македонска литература во национален и меѓународен контекст“.

Во рамките на 18-те „Средби под јаворите – Видое Подгорец“, денеска, Во црквата „Св.15 Тивериополски свештеномаченици“, се одржа научен собир на тема „Книжевната оставнина на Видое Подгорец – влог во издигнувањето на современата македонска литература во национален и меѓународен контекст“.

Писателот Киро Донев кој е и близок пријател и соработник на Видое Подгорец ја почнал оваа манифестација за прв пат , но смета дека недволно се нтретира делото на големиот Подгорец.

На денешниот научен собир лично искуство и средба со Подгорец сподели и градоначалникот Коста Јаневски.

Првпат оваа манифестација е одржана на петгодишнината од смртта на писателот Подгорец.Организатор на манифестацијата е здружението на граѓани „Средби под јаворите- Видое Подгорец“, заедно со „Просветно дело“.
Годинава се распиша и литературен конкурс на слободна тема за учениците од основните училишта на која пристигнале творби од повеќе училишта од државата.

Препорачуваме:

Синдикалните организации на ССМ во Струмица се приклучија на штрајкот

Ване Трајков

Вечерва „Концерт под маски“ на ОМУ „Боро Џони“ Струмица

Сузана Мицева

На синоќешната модна ревија на дизајнерката Даница Стојанова биле собрани 30.200 денари кои попладневно беа предадени на Ирена Танчева