Регион

Синдикалните организации на ССМ во Струмица се приклучија на штрајкот

Членовите на синидкалните организации на трите локални јавни претпријатија Комуналец, Струмица Гас и Паркиралишта, како и  од општина Струмица но и од Основниот суд Струмица и ЈП Македонски Шуми подржница Беласица Струмица денеска се приклучија на штрајкот што го организира ССМ. Тие денеска штрајкуваа на работните места а во период од 11 до 12 часот излегоа и во кругот на своите институции. Денеска работеа со 10 одсто од капацитетот на инстиуциите а во ЈП Комуналец заради специфичноста на претпријатието има дежурни екипи во Воводовод и Канализација, Пречистителна станица

Како што не информираше Бранко Ѓеоргиев регионален координатор на ССМ за Струмица штрајкот ќе продолжи и во текот на утрешниот ден. Членовите на ССМ бараат линеарно покачување на платите за 2 806 денари.

Препорачуваме:

Граѓани се жалат дека не функционира подземната гаража „Гоце Делчев“ во Струмица

Годинава нема да се реализира договорениот извоз на куртовската капија

Сузана Мицева

120 стечајци од Струмица со позитивни решенија за паричен надоместок