Македонија

МОН: Деновите пред избори скратена настава, за основците распуст од 17 јуни

Наставата во учебната 2023/2024 година ќе се реализира целосно како што предвидуваат плановите за организација на работата на основните и средните училишта. Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал, информираат од МОН.

Министерството за образование и наука информира дека 23 април и 7 мај, односно деновите пред гласањето ќе бидат работни за сите училишта. При тоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7:00 до 11:00 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови. Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред.

Наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни, велат од МОН.

Препорачуваме:

Средба на Димитров со шефот на ОБСЕ/ОДИХР: Успешно спроведените избори даваат можност за формирање на влада летово

Сузана Мицева

Тренчевска за ТВ Сител: Отпуштање и намалување на платите во администрацијата нема да има, ќе има нова методологија за платите во јавниот сектор

ПО 1.000 ДЕНАРИ ВАУЧЕРИ НА 35.000 ЛИЦА И НУЛА ДДВ НА ОСНОВНИТЕ ПРОДУКТИ

Сузана Мицева