Македонија

ПО 1.000 ДЕНАРИ ВАУЧЕРИ НА 35.000 ЛИЦА И НУЛА ДДВ НА ОСНОВНИТЕ ПРОДУКТИ

Владата ја намали повластената стапката на ДДВ од 5 на 0 проценти на клучните продукти односно на лебот, шеќерот, брашно тип 400, сончегледово масло, трајно млеко свежо месо, ориз и јајца, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски. Ова е една од мерките кои се усвоени на денешната владина седница. Пакетот од 26 мерки  и препораки, како што рече, содржи мерки за заштита на животниот стандард и мерки за компаниите преку развојната банка

Со намалувањето на ДДВ, вели Ковачевски се спречува наднормален профит и се штити стандардот. Владата испланиралада даде ваучери по 1.000 денари за три месеци на 35.000 граѓани за купување основни производи

Се укинуваат царинските давачки за увоз на прехранбени производи, соопшти Ковачевски. 

Рече и дека ќе има субвенции за пензионерите од 1.000 денари за 3 месеци за купување на основни производи.

Ќе се одложи воведувањето на еколошката такса.

Пресот е во тек. Повеќе детали наскоро

Препорачуваме:

Во Бугарија се преврте српски автобус, повредени неколку деца

ВИДЕО: Проширена листата на училишта кој ќе вршат настава со физичко присуство

Се подготвува нов закон за учебници

Сузана Мицева