Регион

Младински организации од државата се обучуваат за европска младинска соработка и пристап до европските младински фондови

Претставници на повеќе младински организации од земјава на дводневен семинар во Струмица се обучуваат за европска младинска соработка и пристап до европските младински фондови со пренесување на искуства од Европската младинска фондација при Советот на Европа. За можностите за грантови што ги нуди Европската младинска фондација (EYF), нејзините методи на работа, како и одредени моменти од младинската политика и управувањето со проекти говореше директорката на Фондацијата, Гордана Берјан.

-Ние работиме со млади луѓе кои можат да учествуваат во демократските процеси и за да го направат тоа ние нудиме различни активности, а една од нив е да аплицираат во Европската младинска фондација, која ги поддржува иницијативите на младите луѓе за да развиваат интернационална соработка, локални проекти во демократијата, кои се од голема полза за нив и, исто така, да градат подемократско општество. Токму тоа е нашата цел-да информираме повеќе млади да учествуваат во таквата европска младинска соработка, истакна Берјан.

Советникот на претседателот на Владата за млади и младински политики, Ѓорги Тасев, подвлече дека со овој настан се отвораат нови канали и можности за формите на младинско организирање во државата и да се испрати порака дека младинските организации можат да добијат нова финансиска поддршка.

-Поддршката што можат да ја добијат младинските организаци може да биде финансиска, логистичка или организациска и се однесува на младите, младинско учество, ранливи категории млади, млади на кои им е потребна поддршка со цел да ги реализираат своите идеи, да организираат акции со цел да се направи некоја промена во општеството. Токму тоа е целта на овој механизам кој го има Советот на Европа да ги поврзе со други младински организации од Европа за да формираат партнерство и да настапат заедно со проектна апликација која ќе им овозможи финансиски средства за да направат некоја промена, рече Тасев.

Препорачуваме:

Се одржа традиционалната „Априлијада“ во Радовиш

Ѓ. K.

Изгореле пет куќи во напуштеното радовишко село Шипковица

Ѓ. K.

Поединци во името на цела улица тврдат дека во нивните улици нема фантомски гласачи

Сузана Мицева