Македонија Регион

Советот на општина Струмица не ја изгласа програмата за еднакви можности на мажите и жените

Дваесет и четвртата седница на советот на општина Струмица започна во бурна атмосфера, остара расправа и иронични забелешки за предлог точките и нивни измени во дневниот ред. Целта на опозицијата беше една од точките која се наоѓаше во дневниот ред да биде тргната а наместо нејзе да биде изгласана нивната предлог точка за  Предлог – Програма за измена и дополнување на „Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Струмица за 2023 година“.

Советниците од опозицијата неколкупати се обидоа процедурално да дојдат до збор за да ги образложат своите предлози, но и покрај тоа, сепак мнозинството ги одби, Претседателот на советот обидувајќи се да ги разграничи поимите род и пол им читаше на советниците дефиниции од интернет за тоа што е род а што пол и зошто овие два поими се различни.  

На крајот од седницата со 11 гласови против и 9 гласови за без воздржани советот на општина Струмица не ја изгласа Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Струмица за 2023 година.

Препорачуваме:

Национализација во време на КОВИД-19: логично решение за излез од кризата

Сузана Мицева

Васил Бубев нов директор на НУКЦ „Антон Панов“

Стојне Митева

Се запираат постапките за пензионирање на здравствените работници

Сузана Мицева