Регион

Поединци во името на цела улица тврдат дека во нивните улици нема фантомски гласачи

Поединци од улиците Моша Пијаде и Бетовенова во името на сите граѓани тврдат дека нема фантомски гласачи на нивните улици. Денеска со исто соопштение се огласија жители на двете улици, велејќи дека минатонеделниот прес на струмичките социјалдемократи е навреда за нив, тврдејќи дека нема непостоечки гласачи на овие улици.

„Ние не сме фантоми, ние сме живи луѓе, со постоечки адреси на живеење и право на глас, а како доказ ги приложуваме нашите лични карти“, се вели во идентичните соопштенија.

Притоа, граѓаните зборуваа за себе, а  никој не приложи доказ дека на целата улица нема непостоечки гласачи.

Минатата среда општинската организација на Сдсм излезе со список на улици каде граѓаните пријавиле непостоечки објекти и гласачи.

[wpdevart_youtube]RhKthecTRBs[/wpdevart_youtube]

Препорачуваме:

На струмичкиот плоштат се собираат потписи од граѓани како дел од иницијативата ,,Не за промена на името,,на Здружението ,,Бранители 2001,,

ООУ „Сандо Масев“ Струмица на карневал во Будва со маската Медени колачиња

Ѓ. K.

Пронајдени 17 мигранти на патот Струмица -Штип кај Радовиш

Ване Трајков