Регион

Дождот може да предизвика штета и кај раноградинарските култури

Дождот може да предизвика штета и кај раноградинарските култури. Во овој период кога има голем процент на почвена и воздушна влага, агрономите велат дека се јавуваат и многу габни заболувања кои го напаѓаат кореновиот систем. Доколку не се превземат потребните мерки, растенијата со оплодени домати можат да овенат.

За да се спречи целосно уништување на растенијата, Василев советува земјоделците да имаат контрола со наводнувањето и да не претеруваат со ѓубрење на раноградинарските култури.

Дождот предизвика штета и на дел од посевите засадени со пролетна зелка, а доколку дојде и до нови врнежи може да се уништат и раноградинарските култури.

 

[wpdevart_youtube]33I7BLsgEKo[/wpdevart_youtube]

Препорачуваме:

Во струмичкиот центар за дијализа има 85 пациенти со хронично бубрежно заболување

Сузана Мицева

Тешко повреден мотоциклист во близина на Белотино

Ѓ. K.

Средношколци од Струмица дебатираа за изборите во ЕУ

Ване Трајков