• Tue. May 14th, 2024

Во струмичкиот центар за дијализа има 85 пациенти со хронично бубрежно заболување

Расте бројот на пациенти со хронични бубрежни заболувања. Во струмичкито центар за дијализа има 85 пациенти. Специјалист интернист доктор Дитка Ивановска вели дека бројот на пациенти е во пораст и на локално и на светско ниво.

Доктор Ивановска вели дека периодот на ковид пандемијата бил особено специфичен за бубрежно болните пациенти, бидејќи тие имаат и други коморбидитети. За време на пандемијата загубиле дури 15 пациенти што е огромна бројка од вкупниот број пациенти во Центарот за дијализа во Струмица.

Денеска се одбележува Светскиот ден на бубрегот. Целта е да се крене свеста за важноста на овој орган за целокупното човеково здравје.