• Tue. May 14th, 2024

До мај ќе биде готов патот Колешино – Бориево

До почетокот на мај ќе биде целосно асфалтиран патниот правец Колешино Бориево кој ги поврзува и општините Ново Село и Босилово. Вака најавија градоначалниците Ѓорги Божинов и Ристо Манчев пред првиот човек на опозиционата ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски кој изврши увид во работата на градоначалниците избрани од неговата партија. Станува збор за последната делница од  3220 метри кој се реализира преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во висина од околу 370 илјади евра обезбедни од Центарот но и од двете општини.  Како што соопштија градоначалниците  целосното асфалтирање на оваа делница се поврзуваат двете оптшини и ќе се потикне локалниот економски развој

Лидерот Христијан Мицковски кажа дека откако како партија ќе ја добијат власта полвоина од парите за капитални инвестиции ќе ги спушти на локалн ониво

Последната делница ја работи скопската фирма Ленди груп која го доби тендерот за реализација на третата фаза од патот. Во изминатот период етапно се асфалтираа делови од патот од страна на двете општини.