Регион

Меѓународниот ден на среќата одбележан и во Струмица

Сите со една и единствена цел – бидете среќни, не само денес туку 365 дена во годината. Ова е пораката која ја испратија членовите од Здружението за среќа „Говор на радоста“ од Струмица. Најмалите дечиња цртаа на асфалт во градскиот парк во Струмица, а средношколците пак своите позитивни пораки ги искажаа на хамер хартија. На тој начин го постигнаа посакуваното, го разубавија денот на случајните минувачи и пробудија насмевки. Со тоа здружението „Говор на радоста„, заедно со дечињата го одбележаа Меѓународниот ден на среќата.

Почнувајќи од 2013 година, Обединетите нации го одбележуваат Меѓународниот ден на среќата, како начин да се признае важноста на среќата во животот на луѓето од целиот свет. Светскиот извештај за среќа е значаен преглед на состојбата на глобалната среќа. Извештајот за 2018 година, ги рангира 156 земји според нивните нивоа на среќа и 117 земји според среќата на нивните имигранти. Главниот фокус на овогодинешниот извештај, покрај вообичаеното рангирање на нивоата и промените во среќата низ целиот свет, е на миграцијата во и помеѓу земјите.

Препорачуваме:

Километарски колони на Богородица и Дојран

Сузана Мицева

Хуманитарни пакети од МАТТО за 200 семејства од Валандовско и Струмичко

Ване Трајков

Три патнички возила во Радовиш и Јаргулица оштетени од пожар

Ване Трајков