• Wed. May 15th, 2024

Три патнички возила во Радовиш и Јаргулица оштетени од пожар

ByВане Трајков

Dec 25, 2022
policija

Во текот на вчерашниот ден во Јаргулица и Радовиш настанал пожар во патнички возила заради што морала да интервенира Територијалната противпожарна единица од Радовиш. Во Јаруглица настанал пожар во патничко возило ,,пежо 206” на лице од Владевци додека во Радовиш настанал пожар на патничко возило „бмв 525“ кое пак зафатило уште едно марка опел астра, соопшти полицијата

На 24.12.2022 во 07.16 часот во с.Јаргулица, радовишко, во двор од куќа сопственост на Б.Ѓ.(62) настанал пожар на патничко возило „пежо 206“, сопственост И.Л. од с.Владевци. Пожарот бил изгаснат Територијалната противпожарна единица Радовиш. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

На 24.12.2022 во 03.00 часот бил пријавено дека во Радовиш, во двор од куќа сопственост на М.Д., настанал пожар на патничко возило „бмв 525“, од кој било зафатено уште едно негово патничко возило „опел астра“, двете со радовишки регистарски, при што била оштетена бојата на две врати. Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат. Извршен увид од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *