Регион

Километарски колони на Богородица и Дојран

Доколку планирате излет во соседна Грција, добро е да ги знаете приликите на границите. Од АМСМ јавуваат дека има километарски колони на Богородица и Дојран.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, на ГП Богородица за излез се чека исто така околу еден час, а на ГП Дојран за излез се чека околу 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Препорачуваме:

Модуларниот ковид ценатaр во Струмица речиси готов

Стојне Митева

Владата најави помош на угостителските објекти

Стојне Митева

Концерт на YU for You во Струмица, специјален гостин легендарниот Дадо Топиќ

Ѓ. K.