• Sun. May 12th, 2024

Концерт на YU for You во Струмица, специјален гостин легендарниот Дадо Топиќ

ByЃ. K.

Nov 25, 2023

На 29 ноември (среда) во НУЦК „Антон Панов“ Струмица со почеток од 20:00 часот, по трет пат ќе се одржи концерт на групата YU for You.

Специјален гостин на концертот ќе биде легендарниот Дадо Топиќ, по повод 50-годишнината од песната „Македонија“. Исто така ќе настапи и Стефан Илиќ со својот Стринг квартет од Србија.

Иван Куќич за ТВ Канал Вис изјави дека огромна чест за него ќе биде да ја дели сцената со Дадо Топиќ. Исто така сподели дека подготовките се во тек, а најави и изненадувања за публиката на самиот концерт.

By Ѓ. K.