Регион

Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ оствари средба со градоначалникот на Општина Гевгелија 

На прием кај градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, беа претставници на раководството на АК „7 Ноември“- Гевгелија по повод одржувањето на атлетската трка „7 Ноември“- Гевгелија. На средбата, беа сумирани впечатоците од одржаната трка. Градоначалникот Сарамандов го изрази своето задоволство од организацијата и масовноста на трката затоа што со нејзиното одржување Гевгелија се вбројува во центрите на масовниот спорт, не само во државни туку и светски рамки и во градот го развива спортскиот туризам.

– Ме радува тоа што бевме добри домаќини и покажавме дека нашиот град има огромен туристички потенцијал и спортски дух. Честитам за прекрасната организација на NOVEMBER RUN 2023, на којашто годинава учествуваа над 2.000 натпреварувачи од Република Македонија и од странство. За поздравување е идејата да продолжи традицијата за организација на детската трка, на којашто учествуваа над 500 деца. Исто така, за првпат беше организирана трката Run Together, преку којашто сите сплотени покажавме дека треба заеднички да го градиме нашето општество. Повторно ја потенцирам мојата заложба, овој настан во иднина да прерасне во традиција и од година во година да расте масовноста и квалитетот на истиот. Како градоначалник и голем вљубеник во спортот, мојата поддршка во иднина ќе биде безрезервна, истакна Сарамандов.

Од страна на АК „7 Ноември“, на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, му беше врачена Благодарница за поддршката од Општина Гевгелија, како финансиска, така и логистичка за успешното одржување на Седмоноемвриската атлетска трка.

Препорачуваме:

Цените на основните прехранбени продукти остануваат замрзнати и по 31 јануари

Стојне Митева

ВИДЕО: Граѓанските организации ќе ги добијат просториите во реновираниот дел од инкубаторот

Општина Струмица: Се чисти снегот во градот и населените места