Регион

Мајка на 8 годишно девојче го пријавила 55 годишниот маж од Пирава во полиција дека повеќе пати извршил полов напад

Во полициската станица во Валандово, 41-годишна валандовчанка, пријавила дека 55 годишен маж од село Пирава извршил полов напад врз нејзината осумгодишна ќерка, соопшти МВР.
Посочениот човек повеќепати во последниот месец сексуалното го злоставувал осумгодишното девојче, навела нејзината мајка.

Од полициската станица во Валандово наведуваат дека истиот маж се обидел да изврши полови напади и врз втората ќерка на жената која го пријавила случајот, но девојчето (15) успеало да му избега.

Полицијата презеде мерки за расчистување на случајот.

Препорачуваме:

Слаб интерес за органската храна

Dimitar Micev

Фондација Заев испрати 22 тони храна за настраданите во Турција

Сузана Мицева

ВИДЕО: Забрана за музика низ локалите, а на маса најмногу по четворица