Регион

Енергетски ефикасно ЛЕД осветлување е поставено во Добрејци

Населеното место Добрејци доби ново енергетски ефикасно ЛЕД осветлување. Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ во рамките на заедничката акција со општина Струмица и ЈПКД „Коминалец“ за уредување на населените места, постави 35 нови ЛЕД арматури.

Според Митко Бујуклиев, директор на претпријатието, новото современо улично осветлување во однос на претходното, значи поголем квалитет и заштеда на енергија. Истовремено, во ова населено место се врши и редовно сервисирање на останатиот дел од уличното осветлување. Замена на старото со ново улично осветлување ќе се врши и останатите населени места.

Препорачуваме:

Голем пожар на Ташли Баир- гори сува трева

Ване Трајков

Пожарот кај Ѓавото во општина Богданци е под контрола информира ЦУК

Ване Трајков

Излезе од печат каталогот „Манастир Св. Богородица Елеуса – фрескоживопис од 11 век“

Ѓ. K.