Регион

Министерството за земјоделство сеуште без решение за неконтролираниот увоз на зеленчук кој во земјава најчесто влегува од Албанија и Турција

Министерството за земјоделство сеуште без решение за неконтролираниот увоз на зеленчук кој во земјава најчесто влегува од Албанија и Турција.И по многуте апели од страна на земјоделските здруженија да се засилат конторлите но и да се превземат стратегии како да се намали напливот на ран зеленчук на нашите пазари пред појавување на домашното производство , засега ниошто.

Од ресорното министерство беа пратени сигнали за превземање на конкретни чекори а засегнатитете сметаат дека се повеќе од потребни.

Токму пред почетокот на сезоната кога раноградинарските производи изегуваат на домашните пазар, ресорното министерество без стратегија.Производителите и трговците од земјите кои се надвор од ЕУ, кои се во процес на пристапување кон ЕУ, се ставени во нерамноправна положба што ќе влијае на зголемување на крајната цена на производите.

Засегнатата страна се надева дека ќе се изнајде долгорочно решение кое ќе овозможи македонскиот производ да биде конкурентен не само на домашниот туку и на странските пазари.

Препорачуваме:

Осмомартовски концерт во Гевгелија

Митко Гогов – еден од 10-те финалисти на поетскиот конкурс „Il Parnaso“ во Италија

Валандово распиша јавна набавка-ќе се асфалтираат улици во индустриската зона Раброво

Ване Трајков