Регион

Комбајн се преврте надвор од коловозот на патот Струмица – Берово

На 16.07.2023 во 16.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица – Берово, на место викано „Коцева чешма“, Ј.Ц.(20) од село Владимирово, беровско, управувајќи комбајн без регистарски ознаки, изгубил контрола над комбајнот и се превртел надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Ц., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Препорачуваме:

Објавена новата програма за рурален развој

Туристите информирани дека не смеат да внесуваат храна во Грција-на одмор со празен багаж

Синдикатот на културата со предупредувачки штрајк поради колективниот договор

Ване Трајков