• Fri. May 10th, 2024

Синдикатот на културата со предупредувачки штрајк поради колективниот договор

ByВане Трајков

Dec 24, 2019
????????????????????????????????????

Синдикатот на културата за денеска објави еднодневен предупредувачки штрајк со прекин на работниот процес во институциите од културата.

Штрајкот е поради непотпишување на колективниот договор,за кој од Синдикатот велат дека преговарале речиси две години и континуирано добивале ветувања од Владата и Минситерството за култура дека ќе биде потпишан, најпрвин до крајот на 2018 година, а потоа до крајот на годинава.

„Вработените во културата се речиси 15 години без социјални права, со огромни разлики во платите и субјективна валоризација на трудот. Скратени им се правата на додатоци на плата и надоместоци на трошоци поврзани со работатата. Потсетуваме дека нивелацијата беше само преоден чекор кон колективниот договор, кој сам по себе не претставува покачување на платите, туку нивно конечно уредување во согласност со Законот за работните односи. Колективниот договор ќе биде фундамент на социјалните односи и штит на нашите социјални права. Токму тоа го бараат вработените во културата, кои се целосно маргинализирани, а нивните права секојдневно се газат од државата, која во согласност со Уставот би требало да биде социјална, а не да се однесува како суров капиталист“, велат од Синдикатот на културата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *