• Sat. May 18th, 2024

Тешко повреден тракторист во сообраќајна незгода кај Удово

На 23.12.2019 во 17.30 часот било пријавено дека на регионален пат на мостот на реката Вардар, во близина на с.Удово, патничко возило „мерцедес Е270“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(27) од с.Миравци удрило во трактор „ИМТ 533“, управуван од С.Р.(55) од с.Давидово.

Во незгодата С.Р. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Гевгелија за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од Полициската станица Валандово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *