Регион

Туристите информирани дека не смеат да внесуваат храна во Грција-на одмор со празен багаж

Туристите кои патуваат во Грција се запознаени со забраната за влез на храна во државата. Преку медиумите, но и од нивни блиски кои биле пред нив, дознале дека повеќе не можат да одат со храна на одмор. Велат дека се релаксирани, бидејќи багажот им е празен.

Некои патниците кои биле повеќепати на викенд во Грција, пак, велат дека досега грчката граница ја минувале без проблеми. Никој не ги прашувал што носат, ниту им барале да го покажат багажот.

Според грчките власти не станува збор за нов закон, туку почнале со спроведување на одредбите на Европската Унија според кои, не смее да се внесува храна која не е произведена во Европската Унија, освен храна за бебиња и миленичиња. Дозволено е и внесување на вакумирана храна произведена во земја членка на Унијата.

Препорачуваме:

Акција: Подигнати 660m³ отпад од каналот “Крушевска Република“

Грците во Гевгелија ги има но не во толкав обем како пред пандемијата, велат гевгеличани (видео)

Ване Трајков

Дедо Ило најавува мобилизација против рудникот кај Иловица и Штука

Сузана Мицева