• Mon. May 13th, 2024

Акција: Подигнати 660m³ отпад од каналот “Крушевска Република“

Акцијата за генерално чистење на каналот на улица “Крушевска Република“ продолжи во текот на минатиот викенд. Овие три дена на терен беа целата расположлива механизација и човечки ресурси од Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“. Беа отстранети 660m³ каваст и биоразградлив отпад. Каналот е исчистен до пресекот на улица “Крушевска Република“ со улица “Вардарска“. По спроведувањето на оваа акција за генерално чистење, од ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните кои што живеат во близина на каналот да не фрлаат отпад во нив, туку, кога имаат насобран отпад во своите домаќинства да се јават во „Комуналец“ на телефонскиот број 034 325 909 и истиот веднаш ќе биде подигнат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *