Македонија

Ковачевски: Северна Македонија 100 отсто се усогласи со политиките на ЕУ за руската воена агресија

Сите ја носиме одговорноста брзо да носиме одлуки и да го нормализираме процесот на интеграција во ЕУ, изјави премиерот  Димитар Ковачевски за време на редовниот брифинг со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на кој присуствуваше и заменик-шефот на Мисијата на ЕУ во нашата земја, Јулијан Васало.

На состанокот, премиерот Ковачевски се осврна на најважните прашања од евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, во контекст на актуелната безбедносна криза со војната во Украина.

„Поминуваме низ драматични времиња поради трагичната ситуација во Украина и бруталната агресија на Русија против друга европска држава која предизвика огромен број мртви, беда и болка кај нејзините граѓани. Нашите мисли денес се со нашите украински пријатели кои го заслужуваат нашето најголемо внимание, поддршка и ангажман“, рече Ковачевски.

Препорачуваме:

Од четврток пораст на температурите

Бектеши: Од следната недела поевтинуваат и пијалаците

Ѓ. K.

Патријархот на СПЦ Порфириј му го врачи документот за афтокефалност на архиепископот на МПЦ ОА Стефан