• Mon. May 20th, 2024

Бектеши: Од следната недела поевтинуваат и пијалаците

ByЃ. K.

Sep 20, 2023

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот фејсбук профил информира дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци ќе се намалат за 10 отсто во наредниот период.

Тој информира дека добил неколку писма од домашни производители на минерална вода, сокови и пиво кои го известиле дека доброволно се вклучуваат во кампањата „гарантирана цена”. 

-Намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци! Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата „гарантирана цена” со намалување на цените од минимум 10 отсто!, наведува Бектеши на својот Фејсбук профил и изразува благодарност за поддршката. 

By Ѓ. K.