Спорт

Познати се полуфиналните двојки во Купот на Македонија

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше одржана ждрепката за полуфиналето во Купот, фаза во која свое учество изборија Македонија Ѓорче Петров, Силекс, Струга Трим Љум и Пелистер.

Силекс како единствен второлигаш во ова друштво, но воедно и актуелен бранител на трофејот ќе го има за ривал Пелистер на патот до уште едно финале во оваа конкуренција.

На втората средба Струга ќе ги пречека „лавовите“ од Ѓорче Петров. Натпреварите ќе се одиграат на 20. април во 16:00 часот.

Битката за титулата пак е закажана за 20. мај на Национална арена “Тодор Проески”.

Препорачуваме:

Беласица славеше против Борец – на трибините премиерот Зоран Заев со Кочо Анѓушев

Дени Масев именуван за спортски директор на македонската фудбалска репрезентација

Ване Трајков

Филип Маџунков се пресели во црногорскиот Единство и ќе игра во Лигата на Шампиони на Европа

Ване Трајков