Спорт

КК Струмица никако да забележи победа – претрпеа пораз и од Куманово

Кошаркарите на Струмица никако да го најдат вистинскиот пат за славје и победа во годинашиов шампионат. И во четвртиот првенствен натпревар од Првата лига претрпеа пораз. На свој терен станаа лесен плен и за Куманово кој во салата Парк се прошетаа со 90:66.

Дека ќе претрпат пораз избраниците на Власис Влаикидис се виде уште во првата четвртина каде за 10 минути уфрлија едвај 9 поени наспроти кумановци кои постигнаа дури 22. Ниту втората четвртина не се смени сликата по што Куманово по првото полувреме имаше двојна предност или од  42:24.

Единствен во тимот на Струмица кој можеше да ја поднесе играта на кумановци беше Американецот Тајнс.Веќе 30 поени разлика во третиот период направија гостите од Куманово, па рутински си го доведоа мечот кон победа со финален резултат 66:90.

Со четири порази од четири натпревари КК Струмица е на дното од прволигашката табела

Препорачуваме:

Историја – Струмичани ја однесоа Македонската селекција на Европското првенство во одбојка

Ване Трајков

Видео обраќање на Горан Пандев од Италија до учесниците на Пандев КУП 2018 – Струмица да биде почеток на вашите врвни фудбалски кариери

Џио Струмица нема да го игра реваншот со Омонија, коронакризата наметна нови правила

Ване Трајков