Регион

Премиерот Зоран Заев со мотор на четири тркала на народен собир во Варварица

Премиерот Зоран Заев кој е член на ,,Мото клубот АТВ Струмица,,  денеска се релаксираше  возејки моторицкл по струмичките планини.  Заедно со своите пријатели, членови на клубот возеа, по патеките на  ,,Еленица,,  поминувајки повеќе ридско планински населени места од Рич – Струмица до Горни Липовиќ општина Конче а завршија во иселеното  село Варварица општина Василево, каде се осветуваше реконструираната црква од 17 век ,,Св. Петка,, и се одбележуваше73 години од формирањето на првиот народноослободителен одбор за струмичко. Како што кажаа тргнале рано наутро и извозеле над 40 тина километри по падините на планината ,,Еленица,,

Во планинското мото рели меѓу 15 тината членови ,  друштво на премиерот Заев му правеше и генералниот секретар на Владата  Драги Рашковски исто така моторели возач, кои заедно со членовите на клубот ,,АТВ Струмица,, на црквата во селото Варварица подарија икона Св. Петка

На народниот собир во селото Варварица организиран од Општина Василево и Симо Крстев, присутен беше и Народниот правобранител на Македонија Иџет Мемети, кој дојде неколку часа пред Заев со неколку пријатели со џип.

Препорачуваме:

Видео – Како изгледаше Тримери во домот на армасаната Лиле кога под маска и дојде свршеникот Блаже

Започна вториот уписен рок на УГД, слободни 3110 места

Ѓ. K.

Приведен дилер од Гевгелија, пронајдена дрога

Ване Трајков