Регион

Идната недела ќе се санира потпорниот ѕид на улицата „Првомајска“

Идната недела ќе почне санацијата на потпосниот ѕид на улицата Првомајска, информираат од Општиан Струмница. Во писмената информација стои дека По неговото рушење од обилните дождови пред десетина дена и увидот од страна на градоначалникот Коста Јаневски и службите локалните власти распишале јавна набавка по итна постапка за санација на поројот (коритниче).

-На вчерашното отворање од пристигнатите три понуди за најповолна беше избрана понудата на фирмата „Џови компани“ ДООЕЛ од село Мокриево. Со оваа фирма договорот ќе биде склучен на 19 декември откако ќе поминат сите рокови за жалба, по што ќе започне санацијата, а рокот за изведба е 30 дена, стои во писмената информација.

Препорачуваме:

Општина Радовиш на пат кон гасификација

Пуштена во сообраќај првата фаза од експресниот пат Штип-Радовиш

Ване Трајков

АФПЗРР: Привршува рокот за поднесување на е- барања за субвенции

Ване Трајков